РФМ организира Младинскиот Мундијал 2027

1

Македонија, и особено градот Скопје, ќе биде домаќин на големо светско ракометно натпреварување. Ракометната федерација на Македонија ја доби честта да ја организира Светската титула за играчи до 21 година, како што објави денес Федерацијата.

Настанот е планиран да се одржи од 23 јуни до 4 јули 2027 година.

Реклама

– Ракометната федерација продолжува со посветени напори на подобрување и промоција на ракометот, како и на Македонија како домаќин на значајни меѓународни спортски настани, истакнуваат од федерацијата.

Федерацијата изрази благодарност кон Меѓународната ракометна федерација за довербата и можноста повторно да биде организатор на вакво важно светско првенство. (МИА)