РФМ ги исплати премиите за репрезентациите

Ракометната федерација на Македонија денес ги исплати наградите на машката и женската сениорска репрезентација, како и за машкиот национален тим до 20 години.

Сениорите ќе поделат два милиони денари, добиени за пласманот на Светското првенство 2025 кое ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.

Ракометарките добија исто така два милиони денари за пласманот на Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Еден милион денари се префрлени на младинската  машка репрезентација за освоеното 9. место на Европското првенство 2024 во Словенија.

Македонската сениорска репрезентација на Мундијалот 2025 својот настап ќе го имаат во Вараждин, Хрватска и ќе разигруваат во прелиминарниот дел во групата со селекциите на Унгарија , Холандија и Гвинеја.

Женската сениорска репрезентација на Европското првенство 2024 својот настап во прелиминарната група ќе го имаат со селекциите на Унгарија, Турција и Шведска во градот Дебрецин, Унгарија.

- Реклама -