РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност за поддршката на машката македонска сениорска репрезентација

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) упати голема благодарност до сите кои, како што се вели во соопштението, безрезервно дадоа поддршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, но дополнително и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

„Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки“, се наведува во соопштението.

Од РФМ посочуваат дека во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

„Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции !Вие сте наша гордост! Со почит, Ракометна Федерација на Македонија“, се додава во соопштението.

- Реклама -