Euro NCAP ги објави резултатите од најновите краш-тестови – овој пат на испит се најдоа BMW 3 Series, Hyundai i30, Mazda CX-5 и Peugeot 208 и сите четири модели се здобија со пет ѕвездички за својата безбедност.
Од една од најдобрите институции на ова поле во светот не го кријат задоволството дека сите четири автомобили добиле највисоката оценка од 5 ѕвезди, постигнувајќи при тоа одлични резултати при направените испитувања.
Кај новата „тројка“ на BMW, од Euro NCAP го потенцираат извонредното постигнување во сегментот на безбедноста на пешаците со 78%, а и во категоријата на безбедност на патниците оствареното е со висок процент- 95%.
Новата, втора генерација на хјундаиевиот компакт i30 оствари извонредни постигнувања во категорија на безбедноста на патниците и на деца, со по 90%. Кросоверот на Mazda CX-5 има извонредни резултати во сите сегменти, а особено се истакнуваат врвните остварувања при страничен удар. На крајот, многу пофалби и за Peugeot 208, кој има извонреден резултат за безбедност на пешаците од 61%.
Од европскиот комитет за спроведување на независните краш-тестови Euro NCAP ја потенцираат важната улога на системот за екстремен прекин, AEB, за безбедноста на возилата. „Воведувањето во опремата на овој систем во сите автомобили на патиштата на Европа значително ќе ги намали тешките последици од катастрофите“, истакна претставникот на Euro NCAP Мајкл ван Ратинген.
По повод својот 15-годишен јубилеј, на 13 јуни, комитетот на Euro NCAP ќе претстави нова етапа од својата програма за безбедност. Особено внимание ќе биде посветено на улогата на такви технолошки елементи како AEB.
Објавено во соработка со Авто Плус.