Режисерот Мајкл Ман случајно се застрелал

Режисерот Мајкл Кенет Ман, најпознат по неговиот криминален трилер „Heat“, е повреден во несреќа на стрелиште во Лос Анџелес, потврди неговата портпаролка за новинската агенција dpa.

1
Илустрација: Режисерот Мајкл Ман случајно се застрелал
Илустрација

Осудесет итригодишниот филмаџија претрпел „површни повреди“ во инцидентот во саботата, прима медицинска помош и се подготвува да ја напушти болницата, изјави портпаролката.

Веб-таблоидот TMZ прв ја објави несреќата, повикувајќи се на полициски извори. Според TMZ, Ман, кој е искусен рекреативен стрелец, случајно се застрелал во ногата додека се обидувал да го стави пиштолот во футролата.

Ман е познат по режирањето сурови криминални трилери во кои глумеле некои од најголемите холивудски ѕвезди.

Во неговиот класик од 1995 година „Heat“, Роберт Де Ниро игра криминален гениј кому зад петиците му е детективот што го игра Ал Пачино во напната игра на мачка и глушец.

Во филмот од 2004 година „Collateral“, Том Круз игра бескрупулозен платен убиец кој ноќе крстари по улиците на Лос Анџелес Ман, исто така, ја режираше филмската адаптација на телевизиската серија „Miami Vice“ во која Колин Фарел и Џејми Фокс играат детективи кои фаќаат криминалци.

Извор: Нетпрес