Револуционерна кула-ветерница во Јапонија

Револуционерна кула-ветерница во ЈапонијаКомпанијата наречена ZENA Systems што оперира во Јапонија, го претстави својот нов концепт за производство на еколошка електрична енергија, искористувајќи ја моќта на ветерот. За разлика од досегашната пракса со ветерниците, нивниот систем ќе го користи ветрот од сите насоки.

Дизајнот на компанијата е хексагонална кула висока 50 метри, со чија помош ќе може да се искористи моќта на воздушните струи од сите насоки. Штом ветрот ќе навлезе во градбата, тунелите за воздух ќе го насочат кон средината, кадешто ќе се компресира и со максимална брзина ќе помине низ серија турбини, кои ќе произведат најголемо можно количество електрична енергија.

Револуционерна кула-ветерница во ЈапонијаКомпанијата тврди дека со овој револуционерен дизајн успеале да го заобиколат ограничувањето (59,3 проценти) што го предвидува Бецовиот закон за енергијата добиена од искористувањето на моќта на ветрот. Но, можеби уште поважна е најавата за конструкција на уред за акумулација на произведената енергија, користејќи концентриран раствор од ванадиум, разводнет со нановода и обична вода.

Веќе е одбрана и првата локација за огромниот проект, а тоа е Куруме, Фукуока, Јапонија. Доколку проектот се покаже успешен, ова може да реши голем дел од енергетските проблеми во светот. [Massive Energy-Generating Wind Tower Proposed for Japan]

- Реклама -