Револуција на пакетчињата кечап

Монотониот и непрактичен дизајн на пакетчето кечап во нарачаниот оброк, веројатно е најлошиот дел од нашето фаст фуд искуство.Така, дизајнерите Хуандонг Ли, Мунг Ги Ким, Нари Ли и Тено Јун си дадоа задача за подобро решение, со што после создавањето на нивниот изум на „истиснувач на кечап“, мораме што побрзо да ги исфрлиме од употреба старите пакетчиња.

Станува збор за подобрениот дизајн на картонот од помфритот кој овозможува чист простор каде можеме да го сместиме кечапот. Но, тоа не е се. Врпочем, настратешкиот дел од овој изум, е просторот од страна каде што е сместено самото пакетче кечап, кој овозможува со неговото потегнување, автоматски да ни биде истискана содржината на нашиот картон, со што оброкот ќе биде подготвен за конзумирање.

Иако овој изум е навистина преедноставен, сепак, бенефитите од истиот се неспорни. Похигиенски, попрактично и поинтересно.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=2FAvwNrDSLk[/youtube]

- Реклама -