Ретро забарство (аkа. Галерија на ужасот)

Малце е смешно денес да се плашиш од забари кога ќе споредиш што сé трпеле луѓето порано кога имале проблеми со забите.

Со векови и векови, „стоматологија“ не работеле специјалисти како денес, туку „талентите“ со „лесна рака“ и бербер-хирурзите. Да, берберите во средновековна Европа правеле и операции; или си знаел да сечеш сé, или не те бивало ни за бербер – мислеле тогаш. Стапката на смртност при денталните интервенции била… погодувате? Висока.

Дури и по Ерата на просветителството и индустриската револуција, иако забарството значително напреднало, од денешен аспект сé уште делува како хорор. За почеток, анестетици ретко имало, а заби се ваделе онака, „на суво“. Заби се ваделе и за било каков проблем, дури и ако се работело само за болка од зезната инфекција на непцето.

Дури и кога забарството влезе во 20-ти век, и со тоа стана прилично поблиско до тоа денес, пак не изгледа како нешто на што денешен човек би се нафатил, освен ако мора. Видете и сами.

Африкански забар прави операција. Пациентот гризе парче дрво.
Ортодонтска машина.
Вадење заб со помош на вжештен јаглен. Наместо „забарот“ да влече, те заплашува да се тргнеш наназад. Ако не се тргнеш, ќе си носиш лузна на лицето.
Забар продава половни протези. Да, половни, за луѓе што не можат да си дозволат нови.
Илустрација од некаде 12-ти век.
Римски дентален мост. Направен од туѓи заби. Веројатно од мртви луѓе.

Другово во продолжение ви е колку-толку познато.

- Реклама -