Реплика на најубавата палата на Хенри VIII

палатаКога била изградена, палатата била фалена како една од најубавите градби на своето време – но била уништена по само 150 години. Сега „загубената“ палата на Хенри VIII може да биде видена првпат по 300 години – во макета создадена по 50 години истражување. За создавање на репликата на Nonsuch Palace – именувана така бидејќи не постоела ниту една слична на неа – биле потребни 1250 часа.

палатаМакетата има димензии 2,2 по 1,2 метри и е направена од дрво, со прецизни архитектонски детали од пластика и месинг. Дворовите се украсени со 700 панели од гипс на кои се прикажани римски императори, богови и божици и мали слики поставени на ѕидовите. Nonsuch била нарачана во 1538 година од Хенри VIII за да го прослави раѓањето на неговиот син, идниот Едвард VI. Но до 1690 година љубовницата на Чарлс II ја разрушила палатата и ги распродала материјалите за да ги исплати своите долгови од коцкање.
палатапалатапалатапалатапалатапалата

- Реклама -