Рено со нов светски рекорд

Електромобилот на Рено, моделот ZOE, постави нов светски рекорд за минато најдолго растојание од еден сериски автомобил на струја во рок од 24 часа.

За време на посебно организиран настан, на кој учествувале вкупно 15 возачи со две возила, биле поминати 1.618, односно 1.506 километри. На тој начин е соборен досегашниот рекорд, бидејќи претходниот најдобар резултат изнесувал 1.280 изминати километри.

Рекордното достигнување е постигнато благодарение на квалитетите на компактниот електричен автомобил, но и на функционалноста на иновативниот систем за брз набој Camеlеon, што овозможува полнење на батеријата до 80% за помалку од 30 минути. За време на настанот, моделите ZOE беа полнети по 18 пати.

Основната верзија на ZOE, кој е со автономија од над 200 километри, доаѓа со уникатен Renault R-Link, полнач станица, паркинг сензори, камера за задно гледање и автоматска клима, по цена од 15.700 евра со субвенции. Полуксузните верзии на моделот ZOE – Zen и Intens почнуваат од 17.500 евра (цена со 5.000 евра државна субвенција).

Француската компанија нуди лизинг план за плаќање на батеријата на компактниот автомобил, а цената почнува од 79 евра месечно за склучување на тригодишен договор и километража од 12.500 километри годишно.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -