Renault создаде интересна лимитирана серија за моделот Captur заедно со производителот на облека Helley Hansen. Најважен технолошки елемент што е додаден на компактниот SUV за оваа пригода е Extended Grip, систем кој гарантира подобра управливост при снег, кал и песок.
Captur Helley Hansen доаѓа и со нов кожен тапацир во внатрешноста, а изгледот и стајлингот го надополнуваат 17-инчни алуминиумски фелни. Во опремата влегуваат уште R-Link систем за навигација, автоматскс клима, електрични регулатори за огледалата, греењето на предните седишта и светла за магла со осветлување во свиоци.
Лимитирана серија ќе може да се порачува со сите мотори, достапни и кај обичниот Captur. Тоа се бензинските TCe90 и TCe120, како и дизел dCi90. Продажбата на моделот стартуваат од јуни оваа година, а испораките ќе се вршат од септември.