Renault ја лансира обновената Laguna

До крајот на месецов Renault ќе ја пушти на пазарот обновената верзија на Laguna, соопшти францускиот производител. Фејслифтот ги „зафати“ двете изведби на моделот, седан и караван.

Од промените во дизајнот во екстериерот се апострофираат модифицираниот преден браник, изменетата маска на ладилникот, сијаличките за дневните светла и новите 16-инчни фелни од лесна легура. Промената воопшто не влијаела на задниот дел од автомобилот. Во внатрешноста се појавуваат нови материјали, како и 7-инчен екран на медиа системот R-Link, кој ќе се нуди само во највисоките нивоа на опременост на Laguna.

592_Renault-Laguna-470-2

Главната новина во техничкиот дел е појавата на роботизиран менувач EDC со двојна кохезија, која овозможува да се намали потрошувачката на гориво, како и нивото на емисијата на штетни гасови. Така на пример, дизел моторот 1.5 dCi со моќност од 110 КЅ троши 4.3 l/100 km, а нивото на СО2 е 113 g/km.

509_Renault-Laguna-470-9

Освен со 1.5 dCi моделот ќе продолжи да се нуди и со 2.0 dCi мотор. Бензинските верзии исто така остануваат исти како досега, а во верзијата со две врати ќе се приклучи и 2.0 литарски турбо мотор со моќност од 240 КЅ Купувачите на Laguna ќе можат да си нарачаат како опција и системот за пренос на сите тркала 4Control.

830_Renault-Laguna-470-3

 

173_Renault-Laguna-470-5 319_Renault-Laguna-470-7 742_Renault-Laguna-470-10

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -