Рекламите на Samsung Galaxy Gear се како да се позајмени од … Apple

Рекламите на паметните часовници Galaxy Gear на Samsung беа објавени на YouTube во текот на викендот и веројатно и на вас ви направиле впечаток идеите и реализацијата на рекламата содржина во нив. Излегува дека инспирацијата за овие видеа е првата реклама на iPhone од 2007 година.

Во рекламите на Galaxy Gear Samsung користи снимки од ретро филмови во кои ликовите имаат уреди за комуникација, слични на паметниот часовник кои се преобразуваат во Galaxy Gear. ТВ спотовите вклучуваат сцени од култните филмови како Star Trek, Предатор и други.

[youtube]http://youtu.be/B3qeJKax2CU[/youtube]

Токму таква е всушност и идејата зад рекламата на првиот iPhone, која се емитувал за првпат во 2007 година, во вечерта на Оскарите. Во неа на ист начин Apple користи снимки од стари филмови во кои гледаме ѕвонење на фиксни телефони и како луѓето среќно разговараат телефонски со помош на нив. Така всушност ги гледавме претходниците на iPhone.

[youtube]http://youtu.be/f2AjPfHTIS4[/youtube]

Во Спот на Apple влегуваат сцени од над 30 филма, а некои од нив се “Некои го сакаат жешко“, “Пинк Пантер“, “Сексот и градот“ и други.

[youtube]http://youtu.be/6Bvfs4ai5XU[/youtube]

Сличностите се премногу очигледни, кога станува збор за идеите, а имајќи ја во предвид историјата со судските постапки помеѓу Samsung и Apple и склоноста кон позајмувањето на идеите од страна на корејците – работите не се во нивна корист Или подобро кажано не се во корист на рекламната агенција, која е изнајмена за кампањата и која изгледа дека не сакам премногу да ги умори своите вработени во креативен оддел.

Што мислите Вие – чиста случајност или?

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -