Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одби ова лето понуда вредна 200 милиони евра од Манчестер Сити за продажба на Кристијано Роналдо, синоќа пренесе шпански „Ас“.
Сити покрај астрономската отштета за Реал Мадрид понудил и годишна плата за Роналдо од 20 милиони евра, што би го направило најплатен фудбалер на светот.
Истовремено, „Ас“ тврди дека Манчестер Сити е заинтересиран и за тренерот на Реал, Жозе Мурињо, и дека прашање на ден е само кога „Специјалниот“ на клупата на англискиот шампион ќе го замени Роберто Манчини.