Home Букаке Забава Разликата меѓу алигатор и крокодил

Разликата меѓу алигатор и крокодил

0
Разликата меѓу алигатор и крокодил
Ова, на пример, е крокодил.

Крокодилите и алигаторите се всушност две сосема различни животни; го делат родот (крокодилоиди), но не се од ист вид. Сепак, и алигаторите и крокодилите се многу слични – изгледаат како некакви преисториски мочуришни гуштери, а за неискусното и неедуцирано око воочувањето на разликите меѓу нив не е така едноставно. Но постојат неколку трикови кои во иднина ќе спречат да направите таква фатална (не) грешка и да ги помешате.

Најбрзиот начин да одредите да разликувате алигатор од крокодил е по нивната „насмевка“; кај двата вида животни, на долните вилици на двете страни има по еден долг заб. Кога крокодилите ги затвораат устите, долгиот заб останува видлив и штрчи од нивните „лица“. Алигаторите, од друга страна, ги кријат долгите заби во џебови на нивната горна вилица. Така, како генерално правило е дека позабестиот најчесто е крокодил.

Ова, на пример, е крокодил.

Другата карактеристика по која можете да ги препознаете е формата на главата и бојата на кожата. Крокодилите имаат „лица“ поблиски до формата на буквата „V“, додека алигаторите имаат пократки лица налик на „U“. Алигаторите исто така имаат потемна, позелена кожа, додека крокодилите се поколирни и покафени.

Во географска смисла, крокодилите се многу почести, населувајќи ја Централна Америка и добар дел од источната хемисфера на планетата. Алигаторите имаат помала популација, и главно живеат во Јужна Америка и јужните делови на САД, со мал дел и во Кина.

Има 23 видови на крокодилоиди, па треба да се земат во предвид многу варијации. Сепак, кога се обидувате да идентификувате голем рептил, правилото за забите е клучно. Како и кај ајкулите, и на крокодилите и алигаторите им растат нови заби каде што им фалат старите, што значи дека веројатно секогаш ќе ги имате како достапен показател.

… Знаеме дека ништо од информацииве не е од особено голема важност за вас, ама знаеме и дека одвреме-навреме добро ќе ви дојде на душичката некому на интернет да му се сипете со коментар „Не е крокодил, бе, глуп! Алигатор е!“. Ако ништо друго, сега, со ова знаење, тоа нема да ви се случи вас.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here