Растение блогер

Повеќе...

Често се вели дека растенијата побрзо растат доколку некој им зборува, но сега едно од нив може да ги искаже и своите мисли – преку блог на интернет. Едно растение од јапонското кафуле каде се наоѓа редовно ги споделува своите чувства преку неговиот личен блог.
 


rastЧесто се вели дека растенијата побрзо растат доколку некој им зборува, но сега едно од нив може да ги искаже и своите мисли – преку блог на интернет. Едно растение од јапонското кафуле каде се наоѓа редовно ги споделува своите чувства преку неговиот личен блог.

Растението, со име Midori-san, што значи „зелено“ на јапонски, се наоѓа во едно кафуле во Kamakura во близина на Токио и оттаму може редовно да го апдејтува својот блог со помош на сензор што ги мери електричните сигнали и компјутерски алгоритам што ги преведува истите на Јапонски.
 
Според истражувачот Satoshi Kuribayashi кој е вклучен во овој проект, најпрво интересот им бил околу тоа што чувствуваат растенијата и како реагираат на околината. Јачината на електронските сигнали на површината на лисјата на растението, кои реагираат на светлина и човечки допир, се мери со сензор, а компјутер користи алгоритам да ги преведе овие податоци, кои ги вклучуваат времетo и температурата. Овие се преведуваат во зборови кои автоматски се постираат на блогот на Midori-san. А таму може да прочитаме какво било времето тој ден и како се чувствува „Зеленко“ во врска со тоа.

Kuribayashi се надева дека во иднина ќе се усоврши оваа технологија, такашто чувствата на растенијата ќе можат да се преведат уште поточно и попрецизно. Линк до блогот.

- Реклама -