Расипаниот Ролс Ројс – Поучна приказна за бизнисот, но и за животот

Некои веруваат, некои велат дека е само легенда. Како и да е, приказната за Ролс Ројс ќе ве научи збор-два за бизнисот, а и за животот. Оди вака:

Некој човек го позајмил Ролс Ројсот на своите пријатели, за да му приреди специјално возбудлив одмор на своето семејство. За несреќа, некаде низ Европа, автомобилот се расипал, па човекот морал да се јави во „генералштабот“ на компанијата во Велика Британија, за да му помогнат. Тие покажале екстремен професионализам и љубезност – итно била испратена екипа од професионални механичари на пат преку Европа, и за само неколку часа пристигнале на локацијата на дефектот. За кратко време, автомобилот бил поправен, а семејството можело да продолжи со патувањето. Човекот бил презадоволен од компанијата, среќен што не пропаднале плановите за одморот. Но, од друга страна,  бил исплашен за тоа колку ќе го чини таквата експедитивност.

Испраќањето на професионални механичари преку половина Европа сигурно нема да чини малку, но сеедно, човекот решил да ги преземе трошоците – сепак, љубезноста на неговиот пријател заслужувала барем толку. Така, им ги дал своите податоци на механичарите и се погрижил сметката да биде испратена на неговата адреса.

Rolls-Royce-Phantom-DC-2[1]

Неколку седмици подоцна, откако тој и неговото семејство се вратиле од одморот, во сандачето пронашол еден куп писма. Сепак, сметката од Ролс Ројс не била меѓу нив. Загрижен дека можеби неговиот пријател ги платил трошоците за поправка по грешка, човекот се јавил во седиштето и ја објаснил ситуацијата. Откако телефонскиот службеник не успеал да најде таков извештај во компјутерот, човекот побарал да зборува со менаџерот. Така и било, одново ја објаснил ситуацијата, но уште пред да заврши, менаџерот извикал: „Господине, тоа е невозможно! Ролс Ројс никогаш не се расипува!“

 

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

- Реклама -