Српскиот портал „Мондо“ ги седна помакедончените (без да имаат избор) коментатори на „Арена спорт“ – Сретен Рашковски (порано Рашковиќ) и Стеван Стевановски (порано Стевановиќ), да читаат коментари од македонските навивачи на шампионот Вардар.
Коментаторското дуо во неколку наврати буквално го потроши гласот навивајќи за Вардар, со што ги освоија македонските срца и заработија две места на чартер летот на вардаровите ракометари, со кои заедно дојдоа на масовниот и луд пречек во Скопје.
И двајцата се сложни дека тоа е љубов и спомен за цел живот, како и дека тешко дека некој друг коментатор во светот некогаш доживеал или ќе доживее нешто слично. Сложни се и околу најдобриот твит од македонските фанови, а имаат да порачаат и уште неколку работи. Погледнете во видеото: