Рама побара од ЕУ да не го повторува срамното однесување кон Западен Балкан како за време на пандемијата на коронавирусот

Белград, 2 септември 2022 (МИА) – Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Белград побара од Европската Унија да не го повтори срамното однесување кон Западен Балкан во однос на енергетската криза, како што беше случај за време на пандемијата на коронавирусот, кога земјите од регионот беа принудени да се обратат до Русија, Кина и Турција за помош

Според Рама, ЕУ во таа ситуација била затворена и „гледала исклучиво кон ѕидините на својот замок“, пренесува весникот „Данас“.

Рама изјави дека Тирана, Белград и Скопје ќе побараат од ЕУ дополнителна финансиска поддршка, што за Албанија би значело 500 милиони евра наменети за континуирано снабдување со електрична енергија и одржување на енергетскиот систем.

Прочитајте и:  Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна пред татко ми да стапи на функција
- Реклама -