Рама го пофали Курти за прифаќањето на предлогот за деблокирање на ЗСО

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на Твитер и напиша дека го пофалил косовскиот премиер Албин Курти „за прифаќањето на европскиот предлог за постигнување решителен напредок кон решение за деблокирање на прашањето на ЗСО преку инструменти за самоуправување како рамка за идните преговори“.

Toj pорачува дека косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ мора да покажат лидерство за спроведување на Основниот договор за нормализација на односите.

„Го поздравувам косовскиот премиер што го прифати предлогот на ЕУ за цврсто напредување кон деблокирачко решение за ЗСО преку инструменти за самоуправување како рамка за претстојните преговори. Ова е навистина важна пресвртница. Лидерите на Косово и Србија треба да покажат лидерство и тесно да соработуваат со нашите западни партнери за навремено спроведување на Основниот договор за нормализација на односите, без никакви дополнителни одложувања“, напиша Рама на „Х“ (поранешен Твитер).

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Посочува дека „нашиот регион заслужува мир, стабилност и соработка за заедничка, подобра иднина, наместо конфликти, игри на обвинувања и неуспеси кои ни штетат на сите нас“.

МИА

- Реклама -