Американската компанија Ram Truck ја покажа изведбата 3500 Heavy Duty, за моделската – 2018 година, кој е именуван како најмоќна машина во оваа класа во светот.
Ram 3500 HD (2018) е опремен со 6.7-литарски мотор Cummins кој развива максимален вртежен момент од 1260 Nm. Овој индикатор е од клучно значење за пикапот, а досега не е постигнат од било кој друг модел. Со оваа моќ можете да повлечете приколка со тежина над 13.600 килограми, што исто така е рекордно достигнување.
Слични карактеристики се постигнати благодарение на соработката меѓу инженерите на Ram Truck и Cummins. Тие имаат постигнато рекордни параметри со дизел мотори, со менување на геометријата на турбината и зголемување на перформансите на системот за снабдување со гориво.
Рекордните перформанси на системот за влечење на товар е постигнат со воведување на нов механизам развиен од Ram Engineering. Така Ram 3500 е најдобрата машина за влечење во сегментот, надминувајки ги дури и камионите од 4 и 5 класа. Новиот систем е достапен како опција за само 1.395 долари.