Најновото истражување спроведено од научниците на Универзитетот во Манчестер резултира со шокантни вести: ракот е болест создадена од човекот, предизвикан од еколошки фактори – како загадувањето и диетата.
Најновото истражување спроведено од научниците на Универзитетот во Манчестер резултира со шокантни вести: ракот е болест создадена од човекот, предизвикан од еколошки фактори – како загадувањето и диетата.
Истражувањето кое беше спроведено на Универзитетот во Манчестер вклучуваше литература од античкиот Египет и античка Грција.
Во истражувањето во Центарот за Биомедицинска Египтологија на Универзитетот во Манчестер, беше вклучена литература од раните периоди на античка Грција и античкиот Египет. Помеѓу резултатите беше и првата историска дијагноза на канцер во Египетска мумија. Со откривањето на само еден случај на канцер помеѓу стотици Египетски мумии и неколку белешки за болеста во литературата, ова докажува дека оваа болест била особено ретка. Стапката на болестa се зголемила по Индустриската Револуција (периодот меѓу 18 и 19 век), особено детскиот канцер.
Професорката Розали Дејвид, од факултетот за природни науки, тврди: „Во индустриските општества, канцерот е втората по ред болест која е смртоносна, после кардиоваскуларните болести. Но, во античките времиња, канцерот бил многу редок. Нема ништо во природната средина што може да предизвика канцер. Па, мора да биде создаден од човекот, предизвикан од загадувањето и промената на исхраната и животниот стил“.
„Важната работа во ова истражување е тоа што ни дава историска перспектива на оваа болест. Ја следевме со години наназад и сега имаме јасна претстава за тоа од кога таа потекнува“. Првата дијагноза на канцер пронајден во мумија ја даде професорот Мајкл Зимерман. Тоа бил ректален канцер на неидентификувана мумија, веројатно некоја „обична“ личност која живеела во Птоломејската ера (200 – 400 г.п.н.е.)
Тимот истражувал и мумифицирани остатоци и литературни докази од античкиот Египет, како и медицински истражувања од човечки и животински остатоци од пораните периоди. Присуството на канцер во животинските фосили, нечовечките примати и раниот човек е редок. Примери на разни малигности се најдени во нечовечките примати, но во нив не е вклучен канцерот кој сега е присутен кај модерниот возрасен човек. Се претпоставува дека краткиот животен век на индивидуите во античките периоди го спречувал развојот на канцер. Иако оваа статистика е точна, сепак, индивидуите во античките периоди живееле доволно долго за да ги развијат болестите како што се: атеросклерозата, деформираните коски, остеопорозата – а во помодерните времиња и туморот на коска бил присутен меѓу младите.
Друго објаснување за слабите докази на канцер во античките времиња е и слабата зачуваност на истиот. Иако според професорот Зимерман мумифицирањето би требало доволно добро да ги зачува клетките на канцерот, сепак, стотици мумии низ целиот свет биле испитани и се пронајдени само два случаи на канцер. Дури и радиолошките испитувања во музеите во Европа не нашле никакви докази за оваа болест.
Истражувачкиот тим откри дека дури во 17 век се забележани првите операциони зафати за канцер на дојка, како и за други канцери. Професорката Розали изјави: „Иако има случаи на канцер во античките Египетски остатоци, не сме сигурни што го предизвикало. Тие се грееле со оган, па тоа ги чадело – и понекогаш болеста сама се појавува. Антички Египет и античка Грција ни нудат многу медицински докази, односно забелешки за тоа како тие се лечеле. Тие биле татковци на фармацијата. Египќаните вршеле операциони зафати на човечкото тело, дури и покрај мумифицирањето – и си ја знаеле својата анатомија, додека пак Грците морале да одат до Александрија за да учат медицина“.
Заклучкот на овие професори, како и на целиот истражувачки тим, се дека канцерот е предизвикан од човекот, односно од неговиот „придонес“ за екологијата и променливата исхрана. [Scientists suggest that cancer is purely man-made]