Ракометарите со стратешки поставено знаме врз придавката „Северна“

Вечерва македонската ракометна репрезентација го почнува настапот на ЕП во Австрија. Во 20:30 часот ќе го започне дуелот против Украина, која по пауза од десет години настапува на еден ракометен континентален собир и не е подобра од нас по квалитет, но може да биде многу опacна. Се работи за селекција со цврста одбрана и високи и корпулентни играчи, па оттаму нашиот адут ќе бидат брзината и крилните играчи, откриваат токму Дејан Манасков и Гоце Георгиевски во разговор со „Екипа.мк“.

Од друга страна, пред да ги одмерат силите и да ја покажат тактиката на теренот, ракометарите одиграа тактички уште во автобусот кој го користат за превоз низ Виена. Имено, како што се гледа од фотографијата објавена на низа портали и медиуми, ракометарите продолжуваат со „тpaдицијата“ на caботажа на придавката „Северна“, па така стратешки го поставиле знамето врз придавката „North“ на таблата со името на земјата кое го налага и ЕХФ.

Под боите на Македонија, ракометарите ќе атaкyваат, пред сѐ, на пласман во втората фаза. Како што објави денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ) – премиите за постигнување на оваа цел ќе изнесуваат вкупно 30.000 евра. Доколку македонската селекција го заврши првиот круг на првото место на табелата во Б-групата, ќе биде наградена со дополнителни 10.000 евра.

Награда од 30.000 евра ќе следува и доколку македонските ракометари изборат пласман на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио, со што вкупната сума на можни премии се заокружува на 70.000 евра.

 

 

- Реклама -