Со децении ракот на дојката беше третиран како една болест. Но ново истражување налага дека се работи за неколку генетски различни варијанти – сега поделени на четири различни типови.
Студијата, објавена во Nature, е првата детална генетска анализа на ракот на дојката. Според оваа студија четири различни типови на рак имаат различни генетски промени кои во иднина ќе бидат цел на различни третмани. Проектот наречен Cancer Genome Atlas, бил дизајниран за создавање на јасна мапа на генетските промени кај најчестите типови на рак.
Во студијата биле опфатени и анализи на тумори од 825 пациенти. Иако истражувањето открило најмалку 40 генетски промени кои можат да бидат нападнати од лекови, четири генетски ефекти се фундаментално различни помеѓу четири идентификувани типови на рак.
Џо Греј, експерт за генетика од Oregon Health & Science University, за New York Times изјавил: „Сега имаме добро разбирање на ракот на дојката. Го немавме тоа претходно.“ Изненадувачки, откритието нуди неколку итни импликации. Резултатите налагаат дека рутинските третмани кои најчесто се користат за рак на јајниците би можеле да бидат искористени за третман на некои типови на рак на дојката. [Study divides breast cancer into four distinct types]