Радев до Вархеји: Бугарија постави јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Северна Македонија

Софија, 25 ноември 2021 (МИА) – Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го изразил очекувањето на Софија дијалогот со Северна Македонија да доведе до конкретни резултати, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев истакнал дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Северна Македонија.

Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Како главен акцент во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство во С Македонија.

- Реклама -