Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на земјава била избрзана, смета бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува БТА.
„Посетата на премиерот беше избрзана. Имав искрени разговори со него. За бугарската дипломатија е важно целосно да го реализира својот професионален капацитет, да не верува на надворешната експертиза, невладините организации, и да не подлегнува на надворешниот притисок“, изјавил Радев, додавајќи дека секоја избрзана акција на бугарската влада и секој позитивен прелиминарен сигнал можат погрешно да бидат протолкувани како некакви отстапки од бугарска страна.