Радев: Многу наскоро ќе стане јасно дали Република Северна Македонија сака да оди во Европа

„Наскоро ќе стане јасно дали новиот претседател и партијата што победи со значителна разлика на изборите“ во земјава ќе работат за европската перспектива на земјата или ќе одат во друга насока, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, откако заедно со бугарската потпретседателка Илијана Јотова положија цвеќе пред споменикот на Непознатиот воин по повод 9 мај, пренесе БТА.

„Многу брзо ќе стане јасно дали таа земја сака да оди кон Европа. Мојот став во однос на Република Северна Македонија секогаш бил отворен и конзистентен, како што беше со претседателите Ѓоѓе Иванов и Стево Пендаровски, така ќе биде и со Гордана Силјановска“, рече Радев.

Тој тврди дека отсекогаш ја поддржувал европската интеграција на земјава, но со „почитување на принципите на добрососедство и особено Копенхашките критериуми за членство“. Според него, тоа значи „промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“.

„Откажување од јазикот на омразата што беснееше во оваа изборна кампања, ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство на Бугарите во земјата“, додал Радев.

- Реклама -