Путин за санкциите од Западот: Русија никогаш нема да се самоизолира, напротив

Рускиот претседател Владимир Путин, во разговор со руски функционери емитуван на државните ТВ канали, се осврна на финансискиот импакт од западните санкции врз Русија, оценувајќи дека рускиот БДП година ќе опадне за околу 2.5%.

Сепак, влијанието на санкциите ќе биде ублажено со продажба на гас на источните соседи, истакна Путин. Тој потенцираше дека Русија ќе развие економски врски со земјите од Азија, Африка и Латинска Америка, што е спротивно од желбата на Западот да ја отсече Русија и да ја тргне на страна.

„Ќе ги отстраниме рестрикциите во логистиката и финансиите. Ве потсетувам дека западните земји, со воведување на санкциите, сакаат да ја турнат Русија на периферијата на светскиот развој, но ние никогаш нема да тргнеме по патот на самоизолација. Токму напротив, ја шириме и ќе ја шириме соработката со сите кои се заинтересирани за соработка“, рече рускиот претседател.

Прочитајте и:  Џентилони: Г7 ќе има рамковен договор за заем од 50 милијарди долари за Украина до октомври
- Реклама -