Украинските вооружени сили во текот на ноќта се обидоа да ја нападнат нуклеарната централа Курск, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на итниот состанок свикан за разгледување на ситуацијата во пограничните региони Курск, Белгород и Брјанск.
-Непријателот се обиде да ја нападне нуклеарната централа во текот на ноќта, рече Путин, додавајќи дека за нападот била информирана и Меѓународната агенција за атомска енергија.
„Меѓународната агенција за атомска енергија е информирана, тие ветија дека ќе испратат експерти за да ја проценат ситуацијата“, рече Путин, пренесен од руските медиуми.
Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, претходно денеска изјави дека следната недела е планирана посета на директорот на МААЕ, Рафаел Гроси на нуклеарната централа Курск.
Гроси и генералниот директор на Росатом, Алексеј Лихачев, минатата сабота телефонски разговараа за ситуацијата во нуклеарните централи Курск и Запорожје. Лихачев нагласи дека ситуацијата околу овие нуклеарни централи продолжува да се влошува и го покани Гроси во блиска иднина да ја посети нуклеарната централа Курск и градот Курчатов и лично да ја процени ситуацијата околу станицата.
Во регионите Курск, Белгород и Брјанск е на сила режим на антитерористичка операција за да се осигура безбедноста на локалните жители.
Russia’s President Putin : Ukraine had just attacked Russia’s Kursk Nuclear Power Plant!#RussiaUkraineWar #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/7ihw6ccwc8
— G20 News (@G20Inf) August 22, 2024