Путин: Сегашниот глобален финансиски систем дозволи „златната милијарда“ на планетата да живее на сметка на другите, Русија е за ревизија

Русија е за ревидирање на принципите на глобалниот финансиски систем, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата воведна изјава на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA,) во главниот град на Казахстан, Астана, јави агенцијата Анадолија.

Според Путин, сегашниот светски финансиски систем дозволил „златната милијарда“ на планетата да живее на сметка на другите.

Рускиот претседател нагласи дека Азија е регион каде што се појавуваат нови центри на моќ и континентот игра голема улога во транзицијата кон мултиполарен светски поредок.

„Потребно е да се отстранат сите бариери за синџирите на снабдување во светот“, додаде тој.

Путин, исто така, ги истакна напорите на неговата земја да формира систем на еднаква и неделива безбедност, пренесе Анадолија. Тој ги истакна опасностите од глад и големи шокови наспроти заднината на нестабилноста на цените на енергијата и храната во светот.

Извор: МИА

- Реклама -