Денес Путин се сретна со ММА борецот Хабиб Нурмагомедов за да му ја честита одбраната на титулата во лесна категорија во UFC.
Путин ја пофали „убедливата“ победа на Русинот против Конор Мекгрегор, но не пропушти да истакне дека Нурмагомедов бил испровоциран по завршувањето на мечот да ја прескокне оградата на октагонот и да ги нападне членовите на тимот на Мекгрегор.
Нурмагомедов му се извини на Путин што ја загубил самоконтролата, правдајќи се дека тоа било затоа што од „кампот“ на Мекгрегор го навредувале неговиот татко и неговата земја.
На тоа Путин се пошегува дека ќе побара од таткото на шампионот да не биде престрог кога ќе го казнува синот, но исто така и го потсмири ММА борецот околу неговиот испад, испраќајќи меѓу редови предупредување до секој во светот што има намера да се р’чка со Русија:
„Не само ти, сите (мислејќи на Русите) можеме така да ја прескокнеме оградата ако нé нападнат“, беа зборовите на Путин.