Путин го оквалификува како „кражба“ замрзнувањето на руски средства во странство

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го оквалификува како „кражба“ замрзнувањето на руски средства во странство, предупредувајќи дека потегот „нема да помине неказнето“.

Путин нагласи дека западните земји се обидуваат да изнајдат „некаков вид на правна основа“ за замрзнувањето.

„Но и покрај сите измами, кражбата се уште е кражба и нема да помине неказнето“, изјави Путин.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата
- Реклама -