Псаки: Заедничка воена вежба на Русија и Белорусија е јасна ескалација

Вашингтон, 3 февруари 2022 (МИА) – Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, денеска изјави дека заедничката воена вежба на Русија и Белорусија во близина на границата со Украина е јасна „ескалација, а не деескалација“.

Таа додаде дека воената вежба и потенцијалот на Русија да го прошири своето присуство до 30.000 војници во близина на белоруската граница со Украина е важен фактор „во процената на кој начин САД ќе ги поддржат и ќе соработуваат со другите НАТО партнери во регионот“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска пристигна во Белорусија за да ги провери подготовките за заедничка вежба меѓу руската и белоруската војска, што ќе се одржи кон крајот на овој месец.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Шојгу на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека двете земји планираат вкупно 20 воени вежби оваа година. Тој потенцираше дека Москва стои до Минск во отпорот кон „деструктивната линија“ на Западот.

- Реклама -