Првите снимки на Mercedes-Benz S-класа Pullman

Германското издание Automedia ги објави првите фотографии на Mercedes-Benz S-класа Pullman. Фотографиите на машината, која е без камуфлажа се направени за време на тестовите на патиштата низ Германија.

Новиот Mercedes-Benz S-класа Pullman, кој ќе треба да го заземе местото на Maybach 57/62 во палета на концернот Daimler, е доста подолг од стандардната S-класа. Неодамна презентираната лимузина се нуди во две верзии – со стандардна должина на меѓуоскиното растојание 3.035 милиметри и продолжена – 3.165 mm.

741_Mercedes-Benz-S-Pullman-470-2

Кај Pullman сепак меѓуоскиното растојание ќе биде уште поголемо, а според различни извори ќе варира меѓу 3.465 и 3.515 милиметри. Должината на целата лимузина, се очекува да надминува 5500 mm. Претходно се тврдеше дека лимузината ќе добие три реда седишта, но кај снимениот модел тие се само два.

Што се однесува до моторите, Mercedes-Benz S-класа Pullman ќе се потпира на бензински V12 со две турбини со моќност од 600 КЅ и електромотор. Премиера на моделот е закажана за есента 2014 година.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -