Новото тло на Дејвид Бекам ќе има 25,000 места за седење, ситуирано на пристаниште во Мајами, ќе вклучува ресторан и ноќен клуб во отворен конкурс, како и спортска арена од светска класа, а ќе биде третиот по големина во Големата лига.
Сеуште неименуваниот стадион ќе биде домаќин на 17 MLS натпревари за време на регуларната сезона, од март до ноември, како и дополнителни пост-сезонски натпревари, пријателски фудбалски натпревари и други забави.
Пристаништето е еден од четирите потенцијални области за новиот стадион, кое од тимот на Бекам велат дека ќе создадат нова дестинација за жителите на Мајами.
Стадионот ќе вклучува и кафулиња, ресторани и продавници, а се очекува да биде завршен во 2017-та година.
Запрашан зошто тој го одбра Мајами, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид рече: „Зошто да не? Шега на страна, сакавме да создадеме тим со кој можеме да стартуваме од нула. Ова е возбудливо време за мене, фамилијата и пријателите. Со нетрпение очекуваме ова да го донесеме во Мајами.
„Имаше тим тука пред 10 години, но за да одам напрад сакав да созндадам тим кој е многу персонален. Сакам да создадам свој тим.“
„Мајами е жив град со многу страст. Знам дека е подготвен за фудбал и дека ќе биде успешен.“, изјавил Бекам.