Следната генерација на Land Rover Freelander треба да излезе на пазарот во 2015 година, но британското издание Auto Express успеа да дојде до негови први официјални фотографии.
Во Land Rover полагаат огромни надежи во Freelander. Сегашната генерација ужива поголем успех, а само за првите 5 месеци од 2013 година е евидентирано зголемување на продажбата за 36% во споредба со истиот период 2012. Затоа и во компанијата планираат следната генерација да биде блиска по многу нешта со хит моделот Evoque, како и со новото поколение на големиот Range Rover.
При создавањето на новата генерација на кросоверот ќе бидат користени полесни, но поцврсти и издржливи материјали. Голем дел од копчињата на контролната табла ќе бидат отстранети и ќе се вгради екран чуствителен на допир – сличен на новиот Range Rover. Освен верзија со пет, ќе има и модификација со 7 седишта, наменета претежно за пазарот во САД.
Според експертите има многу сличностите со Evoque, но во компанијата се на мислење дека и за двата теренеци ќе има место на пазарот. Тоа ќе стане можно благодарение на зголемувањето на побарувачката на SUV-модели. Експертите очекуваат во 2020 година бројката на такви автомобили во целиот свет да достигне од 14 милиони до 22 милиони.
Освен тоа следниот Freelander ќе се потпира на целосно нова генерација бензински и дизел мотори, кои ќе бидат создадени во новата фабрика за мотори на Land Rover во Велика Британија. Претпријатието во Вулверхемптон треба да започне со работа во 2015 година, а во него се инвестирани 500 милиони фунти.
Идниот модел ќе располага и со 9-брзински автоматски менувач, како и со систем за погон на сите четири тркала со Haldex спојка од 5-тата генерација, контролирана од системот Terrain Response 2.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус