Првиот кросовер на Seat

526_Seat-Ateca_2017_1024x768_wallpaper_01[1]

Seat ја објави првата официјална информација, слики и видео за првиот во историјата SUV модел. Тој ќе се вика Ateca и од шпанската компанија му доделуваат сериозни надежи, наведувајќи го како нареден главен „мотор“ за брендот по Leon и Ibiza.

116_Seat-Ateca_2017_1024x768_wallpaper_02[1]

Seat Ateca ќе биде лансиран на европскиот пазар во пролет оваа година и ќе се нуди со избор на бензински TSI и дизел TDI мотор со максимална моќност од 115 до 190 коњски сили. Клиентите ќе можат да избираат исто така и меѓу верзии со две и четири тркала, како и помеѓу механичка и роботизирана менувачка кутија.

171_Seat-Ateca_2017_1024x768_wallpaper_0b[1]

Во опремата на Seat Ateca ќе можат да бидат откриени ЛЕД фарови, инфо-комуникациски и мултимедијален систем со 8-инчен екран чувствителен на допир, систем за синхронизација на мобилни уреди – Full Link, различни системи за зголемување на безбедноста при движење со ниски брзини во градот и други. Долгиот 4,36 метри кросовер ќе предложи и товарна зафатнина од 510 литри.

Во соработка со Автоплус

- Реклама -