Скандинавскиот производител Volvo ќе создаде посебна марка за „зелени“ автомобили. Ова го соопшти потпретседателот Volvo Cars – Хенрик Грин, според кого во моментов неговата компанија развива својот прв електромобил.
Според него, возилото на струја ќе биде целосно подготвено во 2019 година, со што ќе биде даден почеток на цела гама електрични модели. Грин е на мислење дека во Volvo не задоцнил со ваквиот потег, бидејки побарувачката на вакви автомобили допрва ќе се зголемува.
– Сега имаме plug-in модификации на нашите модели кои претставуваат логичен чекор кон електрични. За нив да биде создаден посебен бренд, објасни Грин.
Електричниот модел на Volvo ќе биде изграден на платформата SPA. Таа се користи и за хибридниот агрегат T8 Twin Engine кој Швеѓаните во моментов го нудат за кросоверот XC90, седанот S90 и караванот V90. Вкупната моќност на 2.0-литарски бензински мотор со 4 цилиндри од семејството Drive-E и електричниот мотор е 408 КС.