Првиот автомобил излезен од 3D печатач

печатен автомобилИнженери тврдат дека го создале првиот автомобил чија школка е направена само со 3D печатач. Автомобилот наречен Urbee е прототип на електричен хибрид. Компанијата која стои зад овој автомобил Kor Ecologic вели дека двоседот ќе може да постигне потрошувачка од 1,17 литри на автопат и 2,35 литри на 100 километри во град.

Инженери тврдат дека го создале првиот автомобил чија школка е направена само со 3D печатач. Автомобилот наречен Urbee е прототип на електричен хибрид. Компанијата која стои зад овој автомобил Kor Ecologic вели дека двоседот ќе може да постигне потрошувачка од 1,17 литри на автопат и 2,35 литри на 100 километри во град.

еколошки автомобилНо, најинтересниот аспект од овој автомобил е производниот процес. Сите надворешни компоненти ќе бидат создадени со Dimension 3D печатач. Ова значи дека во иднина можеби нема да треба да посетувате сервис за поправка на физичка штета. Едноставно само ќе си испечатите нова врата, и решен проблем.

Целта на компанијата е да создаде автомобил со мала потрошувачка кој ќе биде лесен за поправање, безбеден за возење, со мали трошоци за одржување и возење. Тие велат дека автомобилот ќе може да оперира со децении и дека е добар за околината. Автомобилот е дизајниран да се полни додека е паркиран во вашата гаража, преку ветерници и соларни панели, и може да ја складира целата енергија собрана од ветрот и сонцето во еден ден. А ако сакате да одите на подолго патување, на располагање имате мотор кој работи на етанол.

- Реклама -