Првиот автоматски менувач на Dacia

Во палетата на романската марка Dacia веќе има трансмисија, со која брзините се менуваат автоматски. Таа го носи името Easy-R и е достапна со моторот TCe 90.

Easy-R не е типичен автоматски, туку претставува „автоматизиран рачен менувач“. Агрегатот користи електромеханички механизми, а не хидраулични, благодарение на кое демонстрира завидна флексибилност и брзина. Менувачот е полесен од типичните автоматски изведби, бидејќи користи  околу 25% помалку компоненти, обезбедувајќи поголема сигурност и поедноставна употреба.


Реално сепак Easy-R работи како типичен автоматски менувач. Опремени со оваа кутија автомобилите немаат педала за квачило, а самата трансмисија има четири режими на работа – D (движење) N (неутрално), R (рикверц) и M (рачен), кои се прикажани и на инструменталната табла. Новата трансмисија располага исто така со функција „лази“ (движење со мала брзина без да се даде гас), како и со систем Hill Start Assist, која ги задржува автоматски сопирачките при поаѓање, за да не тргне автомобилот наназад. Easy-R е со стандарден систем стар/стоп.


Во моментов Easy-R може да се става само на бензинскиот мотор TCe 90 понуден за моделите Sandero, Logan и Sandero Stepway. Се наведува дека потрошувачката на гориво кај овие модели останува непроменета – во рамките на 4,9 – 5,1 l/100 km.

Автоплус

- Реклама -