Први официјални фотографии и видео од Škoda Kodiaq

4833b70f-e5a4-4a6c-8520-f5daf1e21b01_790[1]

Škoda ги понуди првите официјални фотографии и видео за само некои делови од автомобилот. Станува збор за целосно новиот модел Kodiaq кој ќе има светска премиера на 1 септември оваа година во Берлин.

Škoda Kodiaq ќе се нуди со избор меѓу три бензински и два дизел мотори, адаптивна суспензија, како и со специјален офроуд режим на работа, кој ќе биде на располагање на клиентите кои ја избрале 4х4 модификацијата на SUV изведбата. Најмоќниот бензински мотор во портфолиото на моделот ќе биде 2.0 литарскиот TSI со максимална моќност од 180 коњски сили. Достапни ќе бидат исто така и шест-брзински мануелен и роботски DSG менувач, како и верзии со преден погон и на сите четири тркала.

Škoda Kodiaq ќе се најде во продажба во почетокот на следната година, а неговата должина изнесува 4.7 метри и ќе се нуди и со конфигурација со седум седишта. При стандардна изведба на ентериери со два реда седишта и пет седишта конфигурација ќе предложи слободен волумен до 2.065 литри. Kodiaq ќе се нуди и со систем за видео надзор околу возилото Area View, целосна синхронизација на мобилни уреди со iOS и Android, систем за стабилизација и поддршка на движењето при влечење на приколка, паркинг асистент, иновативен систем за заштита на рабовите на вратите при паркирање во ограничени простори, LTE интернет конекција и друго.

Автоплус

- Реклама -