BMW ги објави првите официјални фотографии на Серија 3 GT. Моделот ќе биде претставен на јавноста на претстојниот саем во Женева, а ќе се најде на пазарот во втората половина на оваа година.Во моментов нема никаква подетални информации за Серија 3 GT, но можеме да претпоставиме дека моделот претставува компактна алтернатива на Серија 5 GT.Кажано поинаку, Серија 3 GT се фокусира на практичноста и удобноста.
Веројатно растојанието помеѓу двете оски е благо зголемено во однос на стандардната седан верзија на „тројката“. Задната врата е со двојно отворање, како кај Серија 5 GT.
Што се однесува до моторите, тие ќе бидат слични со оние кои нудат кај седан и караван варијантата на „тројката“. Истото важи и за погонот, само кон задните или на сите четири тркала.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.