Први фотографии и детали за Mclaren 650S

На интернет беа понудени и официјални фотографии на следниот спортски модел од McLaren – 650S, кој ќе биде позициониран меѓу предводникот P1 и 12C. Заедно со фотографиите, беа соопштени и некои основни детали за возилото.

Како што и се и очекуваше, индексот 650 доаѓа од моќноста на моторот – 650 КЅ, кои се генерирани од модифициран 3.8-литарски битурбо мотор, сличен на оној кој го користи и 12С. При изградбата на агрегатот се користени мислења и искуствата на шампионот од F1 тимот на компанијата, Џенсон Батон. The Sunday Times објави дека суспензијата, сопирачките и управувачот исто биле сериозно преработени во однос на моделот 12С.

McLaren 650S ќе има свое деби на салонот во Женева на почетокот на март. Тогаш ќе бидат објавени во целост и динамичките карактеристики на супер автомобилот.

- Реклама -