На брегот на данското езеро Клејтруп ќе наидете на една мошне интересна светска мапа која се протега на површина од 4000 метри квадратни.
Направена е од камења, почва и трева, а е дело на Сорен Поулсен, кој на создавањето на ова необично паркче ги посветил последните 25 години од животот.
Инспирација добил кога во 1943-тата, додека работел на наводнување на пасиштата околу езерото, нашол камен што многу личел на Јутланд (полуостровот на кој се наоѓа Данска). Тогаш решил да ја прошири и комплетира мапата со материјали кои можеле да се најдат во околината. Проектот траел од 1944-та до 1969-тата.
Поулсен работел сам, претежно за време на зимските месеци, кога можел полесно да ги пренесе големите камења преку замрзнатото езеро, буткајќи ги, оставајќи пролетта да ги постави во калта под нив што се создавала со топењето на мразот.
Целата мапа има димензии од 45 метри на 90 метри, а она што е најимпресивно е дека е правена во реален размер – 111 реални километри кореспондираат со 27 сантиметри на мапата.