Пронајдете ги евтините продавници во Грција

Кога одите на одмор сигурно не сакате да давате многу пари за основните животни намирници. Иако Грција важи за една од земјите со повисоки цени на живеење, секако можете да најдете и продавници со пристојни цени кои се многу слични на оние кај нас.

Супермаркети Лидл

Лидл претставува ланец супермаркети со германски капитал и, во најголем случај, германски производи. Услугата е базирана на големи попусти, на поголеми пакувања и на помалку познати марки, но квалитетот на производите е секогаш на високо ниво. Маркетите се наоѓаат на стотици локации низ цела Грција, меѓу кои и:

На 3 километри јужно од центарот на главниот град на Лефкада, на излезот од југо-источната страна, на патот што води кон Василики;

На 4 километри југо-западно од главниот град на Закинтос, по главниот пат;

Непосредно пред пристаништето во Волос, од каде што тргнуваат траектите за Скијатос;

Пред влезот на полуостровот Касандра (првиот крак), непосредно пред гратчето Неа Мудања;

На 14 километри северно од Полихроно, т.е. по патот по кој се влегува на полуостровот Касандра, Халкидики;

Во гратчето Никити, на полуостровот Ситонија, Халкидики.

Супермаркети AB

Супермаркетите AB се локален ланец продавници, кои имаат за нијанса поскапи цени од Лидл, но се доста поевтини од помалите продавници. Можете да ги најдете на следниве локации:

Во јужниот дел од главниот град на Лефкада;

Северно-западно од главниот град Закинтос;

Југо-западно од главниот град Закинтос, близу до Аргаси;

Непосредно до пристаништето во Волос, од каде што тргнуваат траектите за Скијатос;

Неколку маркети по автопатот кој води од Солун кон Халкидики.

Маркети на Скијатос

Иако на Скијатос не постојат маркети од двата најевтини ланци, секако постои нивна алтернатива. На автобуската станица број 3 се наоѓа Керфур-Маринополус, кој е алтернатива на Лидл и има горе-долу слични цени; а на автобуската станица број 1, на 300-400 метри од центарот на градот Скијатос и непосредно до местото каде што се наоѓаат најголем дел од вилите, се наоѓа супермаркетот Астерас.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -