Project Orpheus повторно со нов сингл

„When The Moon…“ е втор извадок од концептуалниот, деби албум  „Shaping The Static“.

„Project Orpheus“ повторно не’ кани во неговите чудесни  земји и приказните што во нив се кријат, со својот втор сингл, извадок од циклусот „Shaping The Static“, насловен „When The Moon…“.
Дејствието во песната стои во последователен однос со делото „Gabriel“, и неговите одвивања, во склопот на овој концептуален албум.

11739632_10207240646673786_984228146_n

Гледајќи на „When The Moon…“ низ поетска призма, песната илустрира одредена визија, односно специфичен спомен од една незаборавно пријатна глетка што нараторот ја евоцира, со цел да си го образложи себеси евидентниот хаос, безредието, неправдините, лудилото и останатите околности што го опкружуваат и ги доживува на местото и ситуацијата во која ќе се најде втурнат.

11741932_10207240646873791_748108882_n

Ќе се потрудиме да не издадеме премногу детали, бидејќи, навистина сакаме и самите да ја чуете и протолкувате песната, како и албумот, но, да, присутна е и љубовна приказна. Всушност и сеќавањето на нараторот, према кое приказната ни’ го фокусира вниманието при рефренот на песната, говори за ликот на девојката што останува безимена низ целиот албум. Нејзината улога се појавува неколкупати низ фабулата на албумот, додека претставува и една од главните причини за бројните заплети и кулминации, како и за финалето на целото дело, кое набрзо ќе можете целосно да го проследите.

11748532_10207240646753788_2038642970_n

Од музички аспект, песната воглавно пулсира во јужно – американски ритмички фигури, предводени со препознатливи мотиви, кои ги интерпретираат виолината и вокалот, додека гитарските линии деликатно ги придружуваат и дооплеменуваат. Овој склоп на стилски селектиран, деликатен пристап кон секоја музичка тема засебно, е токму она што фигурира како карактеристично и препознатливо изразно средство без многу рестрикции, кое што и понатаму ќе продолжи да еволуира заедно со овој проект.

11749302_10207240646713787_411584319_n

Снимен во живо, низ концептуална изведба и со тематски континуитет, албумот ни отсликува еден богат, фиктивен наратив, поставен помеѓу апстрактни околности, чии интерпретации се адаптибилни и често диктирани од страна на индивидуалната имагинација на самиот толкувач.

11749359_10207240646833790_1715865156_n

Целосната верзија од албумот „Shaping The Static“ се очекува набрзо и дополнителни информации ќе бидат објавени на Фејсбук фан – страната на Project Orpheus , како и на официјалната веб – страна.

- Реклама -