Професор по стоматологија тврди: Скапите четки за заби се само фрлање на пари

Имате проблеми со непцето, па стоматолозите ви препорачале скапи четки, креми и слични препарати? Според Пол Бачелор, ве зезнале.

Професорот на Универзитетот во Лондон, тврди дека болестите на непцето (пародонтопатија) се составен дел од стареењето и дека крварењето на непцето не значи дека забите ќе паднат, како што често сметаат стручњаците.

Бачелор објаснува дека редовното миење на забите со паста која содржи флуор е најдобриот начин за чување на здравјето на забите.

Она што е интересно е што професорот тврди дека скапите четки за заби и средствата за испирање на устата, кои се препорачуваат при третирање на болестите на непцето, не можат многу да помогнат ако личноста редовно не се грижи за своите заби. Исто така, безначајна е нивната употреба ако пушите или јадете многу слатки.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

„Ако не ги миете забите редовно, секако имате поголеми шанси за појава на болести на непцето, но тоа не води кон последиците за кои експертите редовно предупредуваат – значи, од болести на непцето нема да ви испаднат забите. Предупредувањата се само начин да се креира непостоечки проблем и да се натераат луѓето да купуваат повеќе скапи четки и други препарати за грижа за забите“, вели Бачелор.

Од друга страна, професорот порачува дека секако не би требало да се игнорира крварењето на непцето, бидејќи тоа е знак дека треба потемелно и поредовно да се мијат забите, за да не дојде до кариес. Сеедно, тоа не е знак дека ќе ви паднат забите.

- Реклама -