Според анализата на Здружението на европските автомобилски производители, во првото полугодие најмногу електрични автомобили во Европа биле продадени во Велика Британија – 14.838, па Франција со 10.427, Германија 9.600, Холандија 6.700 и Шведска 3.368 единици.
Генерално во Европа биле продадени над 52 илјади електроавтомобили, во однос на 29 илјади за истиот период минатата година, односно растот во продажбата достигнува околу 78 отсто. Продажбата била најслаби во Летонија, каде се реализирани само девет возила, потоа во Романија – 11, во Бугарија 20, Грција 21 и Литванија 22. Во сегментот хибридни електромобили за првите шест месеци од 2015 година најголема била побарувачката во Франција – над 27.000 продадени автомобили, а следат В.Британија со 23.564, Италија 13.234 и Германија 11.324. Во овој сегмент на Стариот континент за првата половина од годинава биле реализирани над 109.000, во однос на 90.000 за истиот период, односно забележан е раст од 21 отсто.
Според експертите ваквиот раст е благодарение на стимулациите за електричната мобилност во одделни земји, согласно законските регулативи на ЕУ, на Стариот континент.