Проблематично спасување со хеликоптер: Покрај повpeдата, добила и интензивна вртоглавица (ВИДЕО)

Во вторникот утрото, спасувачите од Cliff Castle морале да интервенираат откако 74-годишна жена ја пoвpeдила главата при пешачење во планинскиот предел Piestwa Peak. Сепак, она што го привлече вниманието на јавноста е видеото од спасувањето, кое било, благо речено, мошне незгодно.

Како што се гледа на видеото, веднаш по кревањето на носилката закачена со јаже за хеликоптерот, таа почнала неконтролирано да ротира, а колку повеќе ја кревале, толку побрзо носилката се вртела.

https://www.facebook.com/ABC15/videos/448098122617310/

Како што објаснуваат од спасувачкиот/пожарникарскиот оддел, обично има сајла поврзана за носилката што ја спречува ваквата појава. Овојпат, меѓутоа, сајлата се скинала. Поради тоа, како што ја кревале носилката поблиску до хеликоптерот, истиснатиот воздух од ротацијата на перките дополно ја забрзувал ротацијата.

На крајот пилотот решил да полета иако повpeдената сè уште не била качена во леталото. Во текот на летот носилката престанала да ротира па спасувачите успеале да ја кренат жената и да ја внесат на безбедно. Хеликоптерот слетал на најблискиот пат, каде што чекало амбyлантно возило, кое ја пренело повpeдената во болница. Таму, покрај повpeдата, ѝ било констатирано и лошење, мачнина и вртоглавица, за што ѝ била дадена соодветна терапија и состојбата брзо ѝ била стабилизирана.

Главниот пилот објаснува дека иако овој феномен (кога носилката ротира) им е сосема познат, се случува исклучително ретко. „Во последниве 6 години, имавме 210 планински спасувања. Во цел тој период, вакво нешто се има случено само двапати“, објаснува тој. Феноменот е толку редок, вели, што кога хеликоптерскиот спасувачки екипаж тренира за вакви ситуации, мораат намерно да почнат да ја вртат носилката.

„Не е нешто што е типично поврзано за кошницата или типично поврзано со носилката. Туку е нешто што повремено знае да се појави, а ние сме тренирани да се справиме“, додава тој.

Целиот лет во видеото во продолжение (нема звук):

- Реклама -