18 годишно момче од градот Билбао, Шпанија, е уапсено поради обид за
убиство на својот татко со жицата од гејмпадот на играчката конзола.
Додека типот на конзолата се уште не е откриен, полицијата успеала да
ги открие околностите кои довеле до на момчето.

Според полицијата, момчето играло интензивно на конзолата, а таткото влегол во собата и неколку пати го предупредил синот да прекине со играњето. Синот го игнорирал и продолжил да игра. Претпоставуваме што се случило потоа: таткото ја исклучил конзолата од струја а синот бесен, бидејќи го загубил целиот напредок во играта затоа што не успеал да ја сними, скокнал врз таткото и почнал да го дави со жицата од гејмпадот.
За среќа, мама дотрчала на помош откако чула звуци на борба и му помогнала на сопругот да се ослободи во последен момент. Синот избегал сфаќајќи што направил, мајката повикала амбуланта и полиција и таткото се спасил. Неколку часа подоцна синот бил пронајден и ставен во притвор. GAME OVER!